ВИДЕО: Пленумот избега и покрај тоа што бараше дебата во Собрание

Таканаречениот „Професорски пленум“ избега од дебатата за реформите во високото образование, која самите професори бараа и прифатија наместо во хотелот „Александар Палас“ да се одржи во Собранието на Република Македонија.

Членовите на Пленумот најпрво не сакаа дебата за измените на законот за високо образование во хотелот „Александар Палас“ , а откако лично премиерот Никола Груевски им објасни дека е одбран како неутрално место и им предложи да дојдат во Собрание, ако им е таму подобро, тие пред камерите се согласија, за потоа да ретерираат од ставот и да не се појават на дебатата.

Сите ректори, професори и гости можеа од хотелот да отидат во Собранието, додека професорите од пленумот, чија желба се исполни, сепак не влегоа во Собранието на јавната дебата, бидејќи според нив дебата не е легитимна и не била закажана согласно законодавните процедури.

pobaraa

Откако стана јасно дека Пленумот не сака решенија, не сака дијалог и не сака квалитет, маските на незадоволните професори паднаа и нивните амбиции се разобличија. Во обидот да се изврти реалноста, опозициските медиуми продолжија со манипулации, претставувајќи дека Пленумот не прифатил дебата во Собранието, иако пред камерите професорите јасно прифатија да бидат дел од дебатата на местото кое сами го побараа.

Однесувањето на професорите од Пленумот, давање збор, а потоа погазување според упатените открива дека овде станува збор за политиканство и оти нивната цел не е дијалогот. Тоа што го направија коментираат е јавен срам. 

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега