Боев: Универзитетот во Штип финансира научни трудови

Универзитетот во Штип финансира научни трудови со сопствени средства, истакна денес проректорот за наука,Блажо Боев на јавната дебата за законските измени во високото образование.

Тој посочи дека Универзитетот во моментов финансира 50 научни труда од сопствени средства кои ќе бидат објавени во списанија со импакт фактор.

-Овие научни труда во наредните неколку години ќе донесат 100 научни труда со импакт фактор. На секој од овие проекти работат по најмалку пет истражувачи, што во моментов е вкупна бројка од над 200 истражувачи, потенцираше Боев.

Тој додаде дека професорите потпишуваат изјава дека ќе објават два научни труда со меѓународни списанија, а доколку тоа не се случи финансиските средтсва самите ќе ги вратат. Ваквата одлука е уредена со внатрешен акт во рамки на штипскиот универзитет.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа