Сите ректори се присутни на дебатата, сите факултети застапени

Сите ректори се присутни на денешната дебата за реформите во високото образование која се уште се одржува во Собранието. Сите факултети се застапени во дебатата, ги нема само оние професори кои јавно се противеа на реформите и јавно повикуваа на дебата, а одбија да се појават на истата.

Веќе неколку часа трае дебатата за реформите во високото образование, разменети се бројни мислења и ставови за унапредување на реформите. Конструктивна дебата за законите во која професорската и универзитетска фела ги пренесе своите видувања. Премиерот Никола Груевски посочи дека дел од предлозите се навистина во функција на унапредување на реформите и ќе бидат разгледани подетално.

-Секој треба да добие шанса да се запише на факултет. Нашата филозофија е секој да добие шанса и затоа високото образование го направивме достапно за сите. Подоцнежниот филтер ќе определи дали тој е добар студент. Тоа зависи од него. Дали тој ке напредува и ке учи или нема да напредува, рече Груевски.  

На дебатата беа застапени сите факултети и беа присутни сите ректори.  Ректорот на Факултетот за туризам и менаџмент, Аце Миленковски на дебатата со премиерот Никола Груевски во Собранието рече дека реформите се добри и се согласува во целост со премиерот Груевски, образложувајќи дека овие реформи ќе придонесат за поголем квалитет во образованието.

Ставот на Груевски беше дека дека излагањата на присутните професори во Собрание, не само што што ќе придонесат во конкретизирање на законот туку со своите аргументи даваат можности за нови реформи и идеи во образованието на кои што сериозно ќе размисли и можно е да се имплементираат во иднина.

И ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, проф. д-р Замир Дика ги поздрави реформите со тоа што има одредени забелешки.

 

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега