Каракамишева: Државниот испит е добар механизам за подигнување на квалитетот во образованието

Упад врз автономијата на универзитетите се врши од критичарите на овие реформи. Академската слобода се злоупотребува од дел од професорите на најперфиден нацин. Тие ја подразбираат слободата како да професорите се мали богови, имаат голема комоција и не се трудат да творат.

Ова е став на универзитетската професорка Татјана Каракамишева-Јовановска на денешмата дебата за високо образование која се одржува во Собранието. Таа смета дека академската слобода преставува вклучување во дебата.

- Зарем не е упад врз автономијата кога дел од професорите ја користат позицијата и универзитетот за свое лично богатење и се однесуваат како тоа да е нивна приватна фирма . Одреден дел од професорите и реформите во високото образование доцнат 15 години, но сум проврзаник на тоа дека никогаш не е доцна. Требаше да најдеме сила оваа дебата да се отвори во самите универзитети и ние да ги инициравме овие промени. Можеме да извлечеме поука сите прашања кои дошле на дискусија во регионот треба како професори да бидеме подготвени без фрустрации и товар да ги продискутираме ние како професори. Потребна е поголема комуникација меѓу универзитетите, рече Каракамишева.

Таа смета дека  државниот испит е добар механизам за подигнување на квалитетот во образованието.

-Не  е само јавна тајна, туку секојдневие е пишувањето оценки без знаење, без појавување на студентот на факултет и слично. Државниот испит е добра основа тоа да престане. Не може да постои и да се негува таа неправда на неквалитет, додаде каракамишева. 

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега