Забрането за тешки возила на патот Маврово-Дебар-Струга и на Стража

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Врнежи од слаб снег се бележат во северните, северозападните и југоисточните делови на државата. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица. 

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар - Струга, а во 07:20ч. воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово - Дебар – Струга и на планинскиот премин Стража. 

АМСМ препорачува посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 09:21
Фото: 
Дневник

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега