Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа особено во источните делови и долж Повардарието, засилен ветер кој на моменти ќе достигне брзина до околу 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус четири до четири степени.

Во Скопје и околината рано изутрина ќе има повремени слаби врнежи од снег, а преку денот облачноста ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до два степена.

Потоа следува период на претежно стабилно и суво, но студено време. Наместа е можно и провејување на слаб снег. Во петок се очекува постепен пораст на температурата.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега