Нов студен бран ќе ја зафати Македонија- температурата ќе се спушти до -14

Нов снег и силен ветер нe очекува денеска.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска во утринските часови ќе има зголемување на облачноста и слаби врнежи од снег, особено во западните и северните делови.

Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час. Потоа ќе се задржи стабилно, суво и студено време, кое ќе се задржи до петок.

Ветер ќе има во сите денови, но ќе доаѓа од разни насоки. Утринските температури утре и задутре може да се спуштат до - 14 степени. Потоа од петок ќе следува постепен пораст на температурата. 

За денеска европскиот метеоаларм има издадено жолто предупредување за целата територија на Македонија. Регионите околу Вардар се во опасност од ветер, а западниот, источниот и охридскиот од мраз и заледување.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега