Тетово: Фатен бегалец осуден на 10 години поради обид за убиство

Полициски службеници го приведоа лицето Осман Б. (40) од село Мала Речица, тетовско, баран врз основ на Судска наредба од декември минатата година а во врска со издржување правосилна затворска казна во траење од 10 години за сторено кривично дело “убиство во обид“. Заедно со Осман Б. приведени се и лицата С.М. (34) од Скопје, Б.З. (37) од село Мала Речица и И.С. (40) од село Мирковци, скопск

П-ри влез во Македонија на граничниот премин “Долно Блаце“ за гранична проверка со „Пежо Бипер“ со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од И.С. заедно со него се јавиле и неговите сопатници во возилото лицата С.М. и Б.З.. Бидејќи  при вршење на граничните проверки и проверките во ОЕ, кај полициските службеници се јавило сомнение во целта на патувањето, тие со службено автомобил се упатиле во правец каде заминале лицата во “пежото“. Тројцата набргу со автомобилот застанале на кратко во близина на Угостителски објект и од таму се упатиле кон Барди Маало, што ги навело полициските службеници да се посомневаат дека лицата најверојатно имаат намера да превземат лице кое нелегално ја преминало државната граница. Возилото се упатило кон Барди маало  и за неколку минути се вратило назад, каде било запрено  од страна на полициските службеници. Во возилото покрај лицата И.С., С.М. и Б.З. се наоѓал и Осман Б., соопштуваат од МВР.

По приведувањето дознаено е дека тие тројцата во Косово, односно на приштинскиот аеродром го пречекале Осман Б. кој престојувал во Германија, потоа од таму го донеле до косовско-македонската граница, за тој да ја мине пеш, илегално, со договор да го чекаат на другата страна од границата. Осман Б. е предаден за понатамошна постапка, а во консултација со дежурен јавен обвинител лицата И.С., С.М. и Б.З. се приведени во ПС за ОН Кисела Вода, поради сомнение за сторено КД по член 402  став 2 од КЗ на РМ (“недозволено префрлање други лица преку границата на РМ”).

Инаку делото за кое е правосилно осуден Осман Б. се случило во јули 2000 година кога по расправија на браќата Џ.А. и Б.А. во село Мала Речица со трето лице поради наводнување, дошол Осман Б. кој што извадил пиштол и испукал еден куршум со кој најпрво го повредил Џ.А. во главата нанесувајќи му површинска рана а потоа истиот куршум го погодил Б.А. во десната надколеница

 

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа