Крвав Бадник во Македонска Камеинца: Две лица се борат за живот

Во очи Бадник, крвава престрелка во село Луковица, во Општина Макеодонска Каменица. Според засега нофицијални информации, инцидентот се случил околу пладне, кога 47 годишниот Ванчо,  жител на селото, по кратка вербална расправија со своите соседи, дваесет годишната Ангела и дваесет години повозрасниот Влатко, извадил огнено оружје и пукал во нив. Девојката и Влатко се здобиле со огнострелни рани во делот на телото.

- Повредените лица со возило на итна помош веднаш се пренесени во кочанската болница. Според првиот човек на оваа установа по извршениот преглед констаирани се повеќе огнострелни витално загрозувачки рани, по што се транспортирани на клиниките во Скопје

Сеуште е непозната здравствената состојба на двајцата пациенти и неможе со сигурност да се каже дали се надвор од животна опасност. Полицијата експресно интервенираше и го фати  и приведе осомничениот напаѓач. Неофицијално дознаваме дека Ванчо подолго време покажувал знаци на психичко растројство, меѓутоа никој не се сомневал дека може да посегне по животот на своите соселани.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа