ГОЛЕМО АПСЕЊЕ По 14 години потрага падна убиец од тетовска Мала Речица

На преминот Долно Блаце е уапсен Осман Б. од село Мала Речица, тетовско, кој беше баран со судска потерница бидејќи е осуден во отсуство на 10 години казна затвор за извршено убиство во 2000 година.

Заедно со Осман Б. приведени се и С.М. од Скопје, Б.З. од село Мала Речица и И.С. од село Мриковци, скопско. Убиството беше извршено во јули 2000 година кога по расправија на браќата Џ.А. и Б.А. во село Мала Речица со трето лице поради наводување, дошол Осман Б. кој што извадил пиштол и испукал еден куршум со кој најпрво го повредил Џ.А. во главата нанесувајќи му површинска рана, а потоа истиот куршум го погодил Б.А. во десната надколеница.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега