Струга: Им должел пари па го претепале а потоа му го украле Џипот

46-годишниот Б.Р. од струшкото село Велешта и 41-годишниот В.Р. од Струга си заработија кривична пријава за разбојништво.

Тие пред два дена заедно со уште едно лице во близина на градскиот пазар во Струга го забележале 51-годишниот сограѓанин Н.Ф. и го причекале да влезе во своето возило марка џип „Даеву“ по што Б.Р. застанал од десната страна на возилото и започнал вербална расправија со него, а потоа му упатил и закани по живот.

Расправијата била поврзана со наводен паричен долг од друго лице кон таткото на пријавениот за што сведок бил оштетениот Н.Ф. За кратко време по караницата, до џипот пристигнале и В.Р. со уште едно лице и двајцата физички го нападнале стружанецот кој успеал некако да излезе од возилото и да им избега на напаѓачите.

Ова напаѓачите го искористиле за да му го земат возилото и да заминат од местото на настанот.

Инаку, насилниците од претходно и се познати на полицијата како сторители на кривични дела. 

најчитано сега