Детали за крвавиот Бадник во Македонска Каменица

Полицијата го приведе мажот кој вчера на Бадник со огнено оружје повреди две лица во селото Луковица кај Македонска Каменица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 46-годишниот В.М. со ловна пушка пукал во 39-годишниот В.М. и 19-годишнта девојка А.К., сите од истото село.

Двајцата повредени веднаш биле пренесени во Медицински центар Кочани,  од каде поради сериозноста на повредите биле препратени во Клинички центар Скопје.

По пријава на случајот, полициски екипи од пронашле и привеле напаѓачот, а се превземаат и мерки за целосно расчитување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега