Пијани момчиња навредувале и нападнале соселанец кај коледарски оган

Коледарскиот оган во штипското село Чардаклија не поминал мирно и без инциденти.

Триесет и едно годишниот В.И. бил нападнат и навредуван од двајца соселани. Навредите започнале кај коледарскиот оган, а со цел ситуацијата да не ескалира три лица го однесе В.И. во неговиот дом. Но, тука се запрело сè.

Двајцата навредувачи дошле пред неговата куќа и продолжиле со пцовките, а со огревни дрва фрлале кон него и кон неговата куќа кршејќи ги стаклата од прозорецот.

-Кога оштетениот излегол во дворното место истите физички го нападнале удирајќи го по главата и телото при што биле спречени од страна на трите лица кои го однеле В.И. во неговиот дом.  На В.И. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Приведени се две лица на возраст од 24 и 27 години од Штип и при извршено алкотестирање кај двајцата е констатитано присуство на алкохол во крвта.

Полицијата нјавува поднесување на соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега