Драма во Скопје: Се заканувал дека ќе го убие синот - Алфите во акција

Обидувајќи се да ги држи полициските екипи подалеку од неговиот дом поради поголемата количина на оружје и муниција која ја поседувал во домот, 43-годишниот скопјанец Д.Ѓ. на 2-ри месецов го држел сопственото дете како заложник.

Единица за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи имала сознанија дека Д.Ѓ. неовластено набавил и чувал во неговиот дом  во с. Раштак поголема количина на оружје и муниција.

Поради тоа во содејство со полициски службеници од ЕПОИ-АЛФА, Единицата превзела  мерки за претрес во неговиот.

-Кога полициските службеници пристигнале пред домот на пријавениот и затропале на влезната врата, на еден од прозорците се појавил пријавениот со неговата сопруга и малолетно дете кое го држел во раце и вперувајќи пушка кон полициските службеници им се заканил дека ако се обидат да влезат ќе пука и во нив и во сопственото дете, по што со мебел  ги забарикадирал двете влезни врати од куќата. По два часа преговарање, при што пријавениот цело време држел пушка вперена кон полициските службеници, јасно давајќи им до знаење дека нема да ги пушти да влезат, Д.Ѓ. се согласил да го пушти внатре во куќата еден од полициските службеници на Единицата за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи, соопштуваат од МВР.

По влегувањето на полицискиот службеник во куќата, во првиот момент кога Д.Ѓ. се оддалечил од сопругата и детето, бил совладан, по што бил извршен претерсот.

Пронајдени биле пушка „М-48“ кал. 7,9 мм, пушка “Чешка Збројовка“ кал. 22 мм со оптика „ГАМО“  4х20 TV WA; ловечка пушка „ЦЗ“ кал. 12 мм, автоматска пушка непозната марка и калибар, револвер непозната марка и калибар,  пиштол „ЦЗ М-70“ кал. 9 мм и рамка со пет куршуми за истиот,  воздушна пушка „МЕТЕОР“ В3 кал. 4,5 мм , воздушна пушка „ГАМО“ кал. 6,35 мм, 131 парче различен калибар на муниција, 31 парче боева муниција, делови за различни типови на оружје и машинка за полнење патрони. 

-Д.Ѓ. е приведен во службените простории на ОЕКР-ЕНТ. Тој во деведесетите е двапати кривично пријавен за извршени две тешки кражби, поседува дозвола за пиштол и пушка, а во разговорот одбил да даде појаснувањеод каде и како се набавени пронајденото оружје и муниција во неговиот дом, се вели во соопштението од МВР.

Од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од  30 дена.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа