„Ликвидација“: Кривичниот суд го испрати и врховниот судија во Шутка

Со одлуката која ја донел Скопскиот Кривичен суд во петокот, поранешниот врховен судија кој беше уапсен во полцииската акција „Ликвидација“, се сели кај останатите седуммина уапсени во Шутка, пренесува Нова Македонија. Тој досега издржуваше мерка домашен притвор.

Неговиот адвокат Јован Јоанидис, за Нова Македонија ја потврдил оваа информација. За него, оваа одлука на Кривичниот суд е целосно несоодветна.

- Притворениот судија има сериозни здравствени проблеми и затоа се жалел пред судот наместо домашен притвор да му биде изречена мерка одземање на личните документи како мерка со која ќе се гарантира неговото појавување пред суд. Но наместо судот да го разгледа ваквото барање, тој експресно ја прифатил жалбата на јавното обвинителство кое барало наместо домашен притвор осомничениот судија да биде ставен во притвор во затворот во Шуткам, вели Јоанидис за Нова Македонија.. 

најчитано сега