Кражба на „Џон Кенеди“ - што се случило?

Познат маркет повторно на мета на разбојниците. Синоќа околу 20 часот разбојник маскиран и вооружен со пиштол влегол во Кам маркет лоциран на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје и им се заканил на вработените.

Разбојникот го вперил пиштолот во едниот вработен и со закани по животот му наредил парите од касата да ги стави на најлонската кеса која му ја подал. Откако го земал дневниот промет во висина од 55.000 денари, разбојникот избегал.

Од полицијата информираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа