Ако сте примиле хонорар лани имате рок уште 20 дена да го пријавите данокот во УЈП

Од УЈП известуваат дека годишните извештаи за персонален данок на доход треба да бидат поднесени најдоцна до 31 јануари 2015 и тоа  задолжително по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk на еден од следните начини: преку соодветна форма за внес на податоци во е-Даноци илисо импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци.

ujp-danok500

Секој што вршел исплата на приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, на граѓанинот мора да му издаде збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2014 година најдоцна до 15 јануари 2015 година.

 

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека издавањето збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава. 

До 31 јануари, пак, треба да се поднесат и годишните извештаи за персонален данод на доход од лицата кои лани исплатиле приходи на физички лица/граѓани по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивки од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

Обврска за годишни извештаи имаат и оние што извршиле исплати на граѓани по основ на откуп на земјоделски производи (образец ПДД-ГИ/ОЗП), оние што вршеле откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци (образец ПДД-ГИ/ОЦО), како и организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало.

Во ПДД-ГИ/ОЗП се пријавуваат податоци за физичките лица од кои се откупени земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход, а во ПДД-ГИ/ОЦО се пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година.

Организаторите на зелен пазар треба да пријават кој ги користел продажните места на зелениот пазар минатата година.

Годишен извештај немаат обврска да поднесат исплатувачите кои вршат исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (во казино, обложувалница и автомат клуб).

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега