ТРАГЕДИЈА: Загина еден од најдобрите млади фудбалери на светот!
Младинскиот фудбалер на Белгија и член на германскиот бундеслигаш Волфсбург Жуниор Маланда денеска го загуби животот во сообраќајна незгода во Германија.
Белгискиот интернационалец загина во сообраќајна несреќа откако се наоѓал на задното седиште од автомобилот што со голема брзина излетал од патот и се превртел.
- Причина за несреќата е неприлагодената брзина на возилот, а во времето на несаканата случка дувал и силен ветер – соопштија од германската полиција.
Овој 20-годишен фудбалер важеше за еден од најголемите надежи во бегискиот фудбал, а за тимот на Волфсбург кој се наоѓа на второто место на табелата во есенскиот дел од шампионатот настапи на девет натпревари.
Оваа трагедија што ја погоди екипата го одложи вечерашниот пат за Јужна Африка на неколку дена каде требаше да отпочнат зимските подготовки пред почетокот на пролетниот дел од шампионатот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа