Сопругот на претседателката на Косово го прекршил кодексот на облекување на Самитот во Братислава

Словачките медиуми го критикува сопругот на косовската претседателка Атифете Јахјага, поради фактот што на Самитот на претседателите на земјите од централна и југоисточна Европа, дошол без сериозна облека и вратоврска, прекршувајќи го државниот протокол кога станува збор за кодексот на облекување. 

- Сопругот на претседателката е дел од официјалната делегација и треба да го почитува протоколот. Тој не одеше да игра голф. Ова е официјален Самит и тој требаше да го знае тоа. И претседателката треба да знае, изјавила за порталот Олга Перушкова, вели експерт за протокол.

најчитано сега