ВМРО-ДПМНЕ: Ги спасивме црквата и градинката ќе го спасиме и училиштето

-Успеавме заедно со народот да надвладее разумот, успеавме да го спречиме градоначалникот Жерновски и СДСМ да ги донесе неразумните одлуки за поништување на дуповите со кој што одлуки меѓудругото се пропишуваше црквата СВ Елена и Константин да стане дивоградба и да може да се руши. Успеавме да победи уставноста и законитоста и да не дозволиме противуставно и противзаконски да се донесат вакви одлуки кои не се базирани на правото и правниот поредок и немаат никаква правна основа. Успеавме да ја спасиме градинката, успеавме таа повторно да се вметне во буџетот и да започне да се гради за да може да се оствари интересот на народот, а децата да имаат градинка, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

За жал, велат од ВМРО-ДПМНЕ; неуспеавме да ја спасиме изградбата на училиштето за кое се залагаме, а од кое се откажа Жерновски и предвидените пари за негова изградба ги тргна од Буџетот. Од владејачката партија најавуваат дека нема да се откажат и ќе продолжат со напорите за изградба на училиштето.

 

-Се докажа дека со вистински намери, со поддршка на народот, со чесен и одговорен пристап може да се успее. Благодариме на сите граѓани кои ни дадоа поддршка, нашиот успех е заеднички, успехот е за граѓаните и затоа тој успех е поголем, стои во соопштението од владејачката партија.

Инаку, на денешната седница на Советот на Општина Центар,  советникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Сашо Трпески поднесе Амандман со кој се бараше ставката на Буџетот Рушење на објекти која изнесува 20.000.000 да се намали на 14.600.000 денари. Со намалувањето на оваа ставка ќе се овозможеше зголемување на ставката Изградба на ново основно училиште. Со овој Амандман, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара промени и во ставката Набавка или нова изградба на деловни објекти од 0,00 да се зголеми на  5.400.000 денари. Советничката група на СДСМ со 12 гласови против, го отфрли овој Амандман.

 

 

најчитано сега