Иванов упати честитка до претседателката на Хрватска
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати честитка до Колинда Грабар-Китаровиќ, по повод изборот на функцијата Претседател на Република Хрватска.
Иванов во името на граѓаните на Република Македонија и во негово лично име, на Грабар-Китаровиќ и посака успех во извршувањето на оваа одговорна функција.
- Уверен сум дека под Ваше водство, Република Хрватска и натаму ќе бележи успеси, продолжувајќи ја конструктивната улога во стабилноста и развојот на регионот на Југоисточна Европа, стои во честитката од претседателот Иванов.
Тој меѓу другото изразува задоволство за успешниот развој на традиционално пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ја истакнува, како што стои, длабоката увереност за натамошно продлабочување и интензивирање на контактите меѓу двете држави на највисоко ниво.
- Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат, Република Хрватска како докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи силно да ги поддржува нашите заложби за интегрирање во Европската унија и во НАТО и дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за регионалната стабилност и просперитет, но и за интензивирање на регионалната соработка, вели Иванов во честитката до Грабар-Китаровиќ, изразувајќи надеж дека наскоро ќе имаат можност остварат средба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа