Ципрас: Самарас уште пред 20 години згреши за прашањето за името

Бевме во право за македонското прашање кога предлагавме да се прифати пакетот „Пинеиро“ за сложено име со географска одредница, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас.

Во интервју за телевизијата „Стар“, Ципрас рече дека ако грчките политичари ја послушале Сириза уште пред 20 години, спорот за името досега ќе бил решен и тоа под условите на Грција, односно сложено име со географска одредница.

- Оној кој се покажа дека не е во право е премиерот Андонис Самарас, кој тогаш беше министер за надворешни работи. Ние уште тогаш предлагавме да се прифати пакетот „Пинеиро“ и ако го направевме тоа, спорот веќе ќе беше решен. Сега Грција го бара овој пакет, односно сложено име со географска одредница, а соседната земја не го прифаќа, рече Ципрас.

Според него, Самарас е причината поради која Грција наместо да биде во поволна позиција, две децении е во незгодна ситуација околу прашањето за името. Во контекст на ова, лидерот на Сириза повтори дека многу држави ја признаа нашата земја под уставното име, што не им одговара на грчките барања.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега