МИА: Ректорот и деканите на УКИМ побараа пилот-проект за државниот испит

Ректорот и деканите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование, објави МИА.

- Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти, стои во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до ресорниот министер Абдилаќим Адеми. 

Предлогот произлезе од денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега