Претседателот Иванов испрати честитка до хрватската претседателка

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Колинда Грабар-Китаровиќ,  по повод изборот на функцијата Претседател на Република Хрватска. 

Иванов во името на граѓаните на Република Македонија и во негово лично име, на Грабар-Китаровиќ и посака успех во извршувањето на оваа одговорна функција.

- Уверен сум дека под Ваше водство, Република Хрватска и натаму ќе бележи успеси, продолжувајќи ја конструктивната улога во стабилноста и развојот на регионот на Југоисточна Европа, стои во честитката од претседателот Иванов.

Тој меѓу другото изразува задоволство за успешниот развој на традиционално пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ја истакнува, како што стои, длабоката увереност за натамошно продлабочување и интензивирање на контактите меѓу двете држави на највисоко ниво.

- Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат, Република Хрватска како докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи силно да ги поддржува нашите заложби за интегрирање во Европската унија и во НАТО и дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за регионалната стабилност и просперитет, но и за интензивирање на регионалната соработка, вели Иванов во честитката до Грабар-Китаровиќ, изразувајќи надеж дека наскоро ќе имаат можност остварат средба.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега