Јанакиески: Нема да дозволам СДСМ со лаги да го валка моето име - во меѓувреме го раскинувам договорот кој не е спорен

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески преку прес-конференција реагираше за обвинувањата на СДСМ поврзани со наводниот скандал за закупот.

Јанакиески потенцира дека нема никаква сопственичка поврзаност во фирмата Лудвиг Фајфер за која алудира СДСМ,  а тоа, вели, може да се види од тековната состојба евидентирана во Централниот регистер. Тој со факти и документација побара Антикорупциска детално да го прегледа случајот. На тој начин, ќе докаже дека е мета на неосновани клевети од страна на СДСМ.

Иако нема ништо незаконско и спорно во договорот за закуп, Јанакиески истиот ќе го раскинува .

- Во меѓувреме да не оставам простор за разни лицемери кои политиката ја сфаќаат како арена за плукање и навреди објавувам дека започнав постапка за раскинување на договорот за закуп како сопственик на индивидуална куќа која се наоѓа на ул.Браќа Ламески во Прилеп. Повеќе од јасно е дека Шилегов ја презел улогата на Јани Макрадули постојано да омаловажува со разни клевти и да настапува максимално деструктивно, истакна Јанакиески.

Тој потенцира дека е иселен од Прилеп веќе 10 години, и дека сопственоста на куќата ја има добиено во наследство. Куќата се дава под закуп од 2005-та година.

Јанакиески тврди дека Министерството за трансорт и врски со кое тој раководи нема никаков вид на деловни односи со фирмата закупец.

- Врз основа на сите податоци апсолутно е јасно дека во конкретниов случај нема апсолутно никакви коруптивни елементи и дека сите акти кои се однесуваат за закупот се јавно достапни и транспарентни, додаде Јанакиески.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега