Амалгамајшн Груп: Македонија е добро лоцирана, може да биде порта кон Европа

Камал Ануја, кој е заменик директор на Амалгамајшн Груп и ТАФЕ Груп, по средбата со премиерот Никола Груевски истакна дека Македонија нуди поволни услови за инвестирање.

-Сега бараме можност да инвестираме во производствени погони во регионот, а можеби и во Македонија, како би можеле да се прошириме од таму на другите европски пазари. Македонија е стратегиски добро лоцирана, имате добри договори за слободна трговија со земјите од ЕУ и тоа е можност која ја истражуваме многу сериозно, изјави Камал.

Сопственикот и главен менаџер на компанијата ТАФЕ Груп, Малика Сринивасан по средбата изјави дека нејзината компанија во своите анализи за ширење на инвестициите ја анализира и нашата земја. Малика Сринивасан магазинот Форбс ја вброи меѓу 100 најбогати, со проценето богатство од над 2 милијарди долари.

-ТАФЕ е присутна во 80 држави во светот и бараме да лоцираме место каде ќе може да започнеме со производство на трактори во регионот, а Македонија е една од државите која ја разгледуваме. Имавме продуктивни разговори денес со премиерот и министрите. Македонија денес е една од најстабилните држави, многу прогресивна, и многу пријателски настроена кон инвеститорите. Оваа е таа привлечност која ги носи луѓето во Македонија, инфраструктурата се развива многу добро. Гледајќи напред Македонија може да им овозможи на компаниите да биде порта кон Европа, како и кон ЦЕФТА земјите, изјави Малика Сринивасан, која воедно е претседател и на Амалгамајшн Груп.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега