„Форбс“ ја вброи Малика Сринивасан меѓу 100 најбогати

Влијателниот магазин „Форбс“, сопственикот и главен менаџер на компанијата ТАФЕ Груп, Малика Сринивасан ја вброи меѓу 100 најбогати, со проценето богатство од над 2 милијарди долари.

ТАФЕ Груп е трета по големина компанија во светот која се занимава со производство на трактори, комбајни и земјоделска механизација, и има годишен обрт на средства од 2,5 милијарди долари

 Оваа компанија има производствени погони во Република Индија и во Република Турција, и тие се заинтересирани за инвестирање и отворање на производствен погон во регионот на Балканот, при што на денешната средба со премиерот Никола Груевски се интересирале за можностите за инвестирање кои ги нуди Република Македонија, разгледувајќи ја како можна локација за инвестирање

ТАФЕ е присутна во 80 држави во светот и како што рече Сринивасан, бараат да лоцират место каде ќе може да започнат со производство на трактори во регионот, а Македонија е една од државите која ја разгледуваат.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега