Чакри Локаприја: Македонската Влада создаде феноменална инфраструктура и одлични инвестициски можности

Премиерот Никола Груевски се сретна и со претседателот на Инвестицискиот фонд во Индија и директор на Коптал Партнерс Груп, Чакри Локаприја.

- Мислам она што го создаде македонската Влада е феноменална инфраструктура и одлични услови како и добра даночна политика и создадени различни инвестициски зони. Затоа мислам дека ќе привлечете капитал и други компании кои ќе инвестираат. Македонија е земја која се развива, економијата се развива брзо, и имате потреба од различни големи компании, а истовремено завршивте голема работа отворајќи економски зони, истакна Чакри Локаприја.

Груевски и владината делегација во текот на денот ја продолжува својата посета на Република Индија при што ќе престојува во градот Калкута, каде ќе оствари повеќе средби со компании и ќе го посети меморијалниот центар Мајка Тереза.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега