Пратениците денеска со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија е Предлог- резолуција за миграциската политика на Република Македонија 2015-2020. 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправа за предлог-одлука за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти и предлог- одлука за определување на дневниците за службено патување во странство на пратениците во Собранието на Република Македонија.

На дневен ред се предлозите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, на Законот за хартии од вредност, на Законот за банките, на Законот за парничната постапка, на Законот за народен правобранител и на Законот за земојделство и рурален развој, сите во прво читање.

На оваа седница на дневен ред се и повеќе предлог закони за изменување и дополнување на закони за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот за рехабилитација на источниот дел на железничката пруга на Коридорот 8 за делниците Куманово - Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка, за заем за проектот за набавка за нови влечни и влечени средства во МЖ Транспорт, за заем за финансирањње на програмата за национални патишта меѓу ЕБОР и ЈП за државни патишта и за заем за финансирање на проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка и ЈП за државни патишта.

Во второ читање на оваа седница се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, дополнетите предлози на закони за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата на Законот за здравствена заштита, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, Законот за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, како и пакетот закони во образованието. 

Пред пратениците се и повеќе барања на автентични толкувања на членови од закони.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега