Пад на цените на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември 2014 година на месечно ниво бележат пад од 0,5 отсто, а на годишно ниво од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. 

Во ноември 2014, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5 отсто. 

Во ноември 2014, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,4 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,6 отсто.

На домашниот пазар продажните цени на производителите на индустриски производи во декември 2014 година на месечно ниво се пониски за 3,7 отсто, а на годишно за 3,8 проценти. 

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 13:53
Фото: 
факултети.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега