Потпишан договорот за првата фаза од мега проектот брза пруга Будимпешта – Белград – Скопје - Атина

Планот за соработка за брзата пруга Белград – Будимпешта, која е прва фаза од мега проектот за модерна железница од Атина до Будимпешта, а која треба да поминува и низ Македонија беше потпишан од страна на Србија, Унгарија и Кина.

До јуни ќе биде завршена конечната студија за изводливост на проектот, а изградбата би требало да започне до крајот на годинава.

- Се договоривме до крајот на годината да започне модерницација и реконструкцијата на пругата и сосем сигурно да заврши две години од почетокот на работите, изјави министерката за градежништво и сообраќај на Србија, Зорана Михајловиќ, пренесува Алфа телевизија.

Србија се уште го нема одбрано моделот на финансирање, но речиси е сигурно дека изградбата ќе биде со кинески пари.

За делот низ Македонија првичните процени се дека ќе чини околу една милијарда евра, а возовите по новите пруги би минувале и до 200 километри на час. Владата смета дека овој проект во основа е добар но се уште се анализира колку ќе биде исплатлив за Македонија.

Кина е особено заинтересирана за модерницаија на пругите во регионов бидејќи на тој начин нивната роба најбрзо може да стигне во централна и западна Европа. Според првчните проценки коридорот би бил подготвен за супер брзи возови веќе по три години. Во Македонија најверојатно нема да има потреба од изградба на целосно нова железничка линија туку ќе може да се надгради веќе постоечката која е дел од Коридорот 10.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега