ССК очекува повеќе кредити и време за адаптација на новите закони

Продолжување на добриот дијалог со власта и потребно време за адаптација на фирмите за сите нови законски решенија кои стапија на сила оваа година, се дел од очекувањата на бизнис заедницата.  Претседателот на  Сојузот на Стопанските Комори, Даниела Арсовска  се надева  дека годинава банките ќе го одврзат кесето и ќе даваат повеќе кредити и со поповолни кредити.

“2015 година ќе биде година полна со предизвици. Целата стопанство треба да се прилагоди на сите законски решенија кои стапија на сила оваа година. Ќе биде потребен период за компаниите да можат да го усогласат своето работење  со новите закони. Очекуваме банките да го следат стопанството, да бидат пофлексибиолни, да даваат повеќе пари за кредитирање на малите и средни претпријата и секоко по пониски камати. Мислам дека треба да го следат примерот на Македонската Банка за поддршка и развој и нивните камати кои изнесуваат 5,5 до 6%, изјави Данела Арсовска”, претседател на ССК, за емисијата Бројки

Новата година започна со  пад на цената на нафтата,  сега компаниите ги прават пресметките и се очекува пониските  транспортни трошоци кои ги имаат производствените фирми да резултираат со  пад на цената на нивните производи. Може да се очекува намалување на цените кај транспортните претпријатија и компаниите кои се извозно и увозно зависни, со оглед на тоа дека тие ќе имаат пониски трошоци во својата работа, изјави Арсовска.  Одлагањетото на задолжителната задолница беше добар потег  од страна на Владата, затоа што се потврдува добриот дијалог со бизнис заедницата, кога ќе имаше дополнителни трошици со зиадавњето задолжница.

“Доброволната задолжница е инструмент со кој на доверителот му се дава сигурност дека  ќе си ја наплати  сумата од должникот. Обично ја користат големите компании, за поголеми бизнис зделки, што значи оние кои склучуваат договори над 5,000 или над 10.000 евра”, додава Арсовска

Позитивните знаци и поволните извештаи од меѓународните  финансиски  институции, наговестуваат дека оваа година ќе биде подобра за стопанството. Арсовска очекува дека проблемот со неликвидност во стопанството да биде надминат.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега