ФОТО: Премиерот Груевски оствари повеќе економско политички средби во Индија

Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски во Џајпур, Република Индија  оствари средба со премиерот на индиската држава Раџастан, Васундара Раје.

Двајцата соговорници разговараа за можностите за зголемување на соработката и унапредување на односите во духот на развојот на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Индија.

Премиерот Груевски истакна дека Република Македонија има огромен потенцијал за двострана економска соработка помеѓу индиската држава Раџастан која е најголема во Индија и Република Македонија. Премиерот Груевски посочи дека Македонија може да биде портата на индиските компании кон европскиот пазар, поради добрите бизнис услови кои се нудат, ниските трошоци за правење на бизнис, поволните даноци како и пристапот до 650 милионскиот пазар што е резултат на потпишаните договори за слободна трговија на Република Македонија со сите држави во Европа.

Премиерката на индиската држава Раџастан Васундара Раје изрази благодарност за посетата и активното учество на премиерот Груевски на самитот Партнерство 2015 та кој се оджра токму во главниот град во Раџастан, Цајпур. Таа посочи дека резултатите кои ги има постигнато Македонија се значителни и преставуваат цврста и солидна основа за градење на пријателство и интензивна економска соработка. Раје изрази уверување дека настапот на премиерот на самитот Партнерство 2015  привлекува внимание на многу индиски компании кои бараат можност за пласирање на своите производи на европскиот пазар, и дека водењето на бизнис во Македонија е една од најдобрите можности за остварување на тие планови.

Инаку, Раџастан има популација од 68.5 милиони жители и е по површина најголемата индиска држава. Бруто домашниот производ на оваа држава е со раст од високи 11.86% споредено со мината година. Главно е развиена цементната и минерална индустрија, текстилната индустрија, туризмот и земјоделското производство.

Премиерот Груевски оствари средба и со Претседателот на Конфедерацијата на индиската индустрија која е еден од организаторите на самитот Бенерџи Чандрајит. На средбата Груевски му се заблагодари на Бенерџи за активната поддршка која ја дава Конфедерацијата на индиската индустрија за промоција на потенцијалите за инвестирање на Република Македонија со чија логистика се одржа бизнис форумот на македонската владина делегација во државата Ченаи, и денес бизнис форумот во Џајпур . Премиерот Груевски посочи дека Република Македонија е отворена за создавање на бизнис релации со индиските компании. 

Претседателот на Конфедерацијата на индиската индустрија Бенерџи Чандрајит истакна дека Република Македонија е земја која направи многу на планот на економијата и се поголем број на компании се интересираат за можноста за соработка и правење на бизнис во Македонија.

-Индија е една од најбрзо растечките економии во светот со големи корпорации кои се насочени кон освојување на нови пазари, а Македонија нуди огромен потенција на тој план. Конфедерацијата на индиската и ндустрија обединува 7 200 компании членки како и над 100 000 индиректни членови компании и тоа е значителна шанса за продлабочување на економската соработка, изјави Бенерџи Чандрајит.

Премиерот Груевски оствари средба и со економските министри од индиската влада, министерката за трговија и индустрија Нирмала Ситераман и министерот за железница на Индија Сурех Прабу. На состонаците се разговарало за можноста за соработка и создавање на услови за водење на бизнис на компаниите како и за унапредување на заедничките односи меѓу двете држави. Досега Република Македонија и Индија имаат потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување на компаниите, но и договор за заштита на инвестициите. Во фаза на преговори за потпишување се и повеќе други договори од сферата на економијата, земјоделието, и  културата.

- Република Македонија издојува значителен процент на средства за изградба на инфрструктура. Во моментов се градат три автопати, и пруга кон Бугарија но и дека се инвестира во останата патна инфраструктура. Тоа е значително олеснување за граѓаните и влијае за потикнување на економскиот развој, истакна Груевски.

Во текот на денешниот ден македонската владина делегација ќе ги презентира можностите за инвестирање на бизнис форум во Џајпур главниот град на државата Раџастан, кој се одржува во соработка со Конфедерацијата на индиската индустрија.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега