Епидемија на мали сипаници ја зафати Србија

Институтот за јавно здравје "Батут" пријави неколку случаи на мали сипаници во Белград и во Јужна Бачка област.

 

Градскиот завод за јавно здравје достави до Институтот за јавно здравје "Д-р Милан Јовановиќ Батут" извештај за епидемии на сипаници - морбили во главниот град Белград, а Институтот за јавно здравје на Војводина објави епидемија на морбили во Јужна Бачка област.

Од  21 ноември, кога Србија го зајакна епидемиолошки надзор на мали сипаници досега се лабораториски потврдени 38 случаи на инфекција.

Експертите сметаат дека епидемијата е последица на зголемување на бројот на родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца.

Најголем број на мали сипаници биле регистрирани во Белград - 22 , а во едно семејство пријавени с е  два случаи на заболени од сипаници .

Докторите апелираат секое дете да биде вакцинирано.

Како што е објавено на сајтот на Институтот за јавно здравје "Батут" кај некои случаи, според епидемиолошките истражувања се утврдени  извори на инфекција .

На територијата на Јужната Бачка област регистрирани  се 11 случаи на мали сипаници, при што Република Српска во некои случаи се идентификува како извор на епидемијата.

Меѓу заболените 11% се деца од една до четири годишна возраст.

 

Околу 30 % од заболените се од 35 до 40 години, околу 34% од заболените се на возраст од 20 до 30 години, а 17% од на возраст од 15 до 20 години, две заболени особи се постари од 40 години.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега