Милионска кражба во ресенско

Кражба чија материјална штета е околу 1 милион денари се случила во периодот од 26.11.2014 до 15.01.2015 година во селото Наколец, ресенско.

Од полицијата информираат дека непознат сторител насилно и употребувајќи погоден предмет извршил тешка кражба во куќата на 63-годишниот Н.Ш. од каде одзел разновиден златен накит, пари, ловна пушка „ремингтон“ кал. 12 мм. што ја поседувал со дозвола, радиокасетофон.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега