Гневни охриѓани оштетија возила на УЈП

Несовесни граѓани од Охрид оштетиле службено возило на УЈП паркирано во близина на плоштадот во Охрид, односно со остар предмет исечени се сите четири гуми на возилото.

Од страна на Министерството за внатрешни работи направен е увид, а оштетеното возило било забалежано за време на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат кои се одвиваа во вечерните часови.

Управата за јавни приходи им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека користењето на насилни методи насочени кон даночниците и уништувањето на јавните добра (службени возила и сл.) купени со парите од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Р.Македонија, нема да ги спречи, ниту да ги одложи контролите на УЈП, напротив само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон…работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 11:21
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега