Ограбени две цркви за една вечер - крадците не запираат

Две цркви се ограбени минатата ноќ во општина Чешиново-Облешево. И во двата случаи непознат сторител со подесен алат насилно отворил една од вратите во црквите и влегол внатре.

Од црквата “Св. Наум” во село Чифлик од касата украдени се  околу 2.000 денари и еден прстен од бело злато. Од метални каси поставени во црквата “Света Недела” во село Облешево крадецот одзел околу 10.000 денари.

Полицијата превема мерки  за пронаоѓање на сторителот или сторителите.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега