Расте бројот на наставници кои не го поддржуваат штрајкот на СОНК

 

Наставниците од Ресен нема да го поддржат генералниот штрајк на СОНК најавен за 20 јануари.

Како што велат градоначалникот Ѓоко Стрезовски и директорите на петте основни училишта и средното општинско „Цар Самоил“, наставата на првиот учебен ден од второто полугодие ќе почне редовно, пренесе МИА.

- Над 250 наставници и останатиот персонал во преспанските училишта речиси едногласно се изјаснија против организирањето и реализацијата на најавените активности на СОНК, со што ја потврдија определбата, отворените прашања во образованието да се решаваат исклучиво во рамките на институциите на системот, вели Стрезовски.

Согласно најновите законски измени во образованието, доколку некој од вработените одлучи да се приклучи кон најавениот штрајк, раководните органи на училиштата преку Агенцијата за вработување ќе обезбедат соодветна замена со цел наставата да се одвива редовно и непречено.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 12:36
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега