Борисов: Подршка за ЕУ и НАТО но и договор за добрососедство со Македонија

Политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета и константна. Не еднаш сме изјавиле дека ја поддржуваме нејзината интеграција во Европската унија и НАТО, изјави денска бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на прашање од пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

Тој потсети дека неколкупати изјавувале оти Бугарија е подготвена на Македонија да и даде еспертска помош за да успее да постигне напредок на патот кон членство во ЕУ и НАТО.

- Јасно кажавме и дека очекуваме Македонија да ги исполни сите критериуми и услови за членство во Унијата, вклучително и принципот на на добрососедство, рече Борисов.

Бугарија ќе продолжи да опстојува на неопходноста за потпишување договор за добрососедство, кој, како што посочи, останува основен приоритет.

- Нашиот став е дека договорот не значи никакви дополнителни барања кон Република Мкаедонија и оти ќе даде дополнителна правно-задолжителна сила на политичките договори постигнати со декларацијата на премиерите од 1999 година, рече Борисов.

Тој како позитивен пример ја наведе соработката на двете земји во рамки на програмата за прекугранична соработка, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи и во иднина. 

Борисов рече дека очекува во наредните една до две недели да бидат одржани и средби на виско ниво меѓу претставници на двете земји.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега