Средба Иванов – Пахор во Доха

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Доха, Катар, имаше неформална средба со претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за продолжување на регионалната соработка и активностите во рамките на Брдо-Бриони процесот, состојбите во регионот, европските и евро-атланските интеграции на регионот и улогата на Словенија во процесот.

Претседателот Иванов побарал позасилен ангажман од Словенија, со цел да продолжи да дава поддршка за забрзување на евроатланските процеси, како клучен предуслов за трајна стабилност и просперитет на регионот.

Двајцата претседатели оцениле одлични билатерални односи и соработка меѓу Македонија и Словенија и е договорена возвратна официјална посета на претседателот Иванов на Словенија во текот на оваа година.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега