Нема штрајк во Прилеп, наставата ќе продолжи во вторник

Во училиштата во Прилеп редовно ќе се одвива наставата од второто полугодие и нема најава за штрајк, изјави прилепскиот градоначалник Марјан Ристески кој одржа редовен координативен состанок со директорите на прилепските основни и средни училишта.

- Денеска имавме редовен состанок со директорите на основните и средните училишта во Прилеп и со директорите на градинките пред почетокот на второто полугодие од оваа учебна година. Училиштата се подготвени максимално да ги примат учениците на настава во второто полугодие. Подготвени се и градинките. Нема најава во ниту една институција под локалната самоуправа за штрајк на синдикатот, изјави Ристески.

Тој ги повика родителите да ги пуштат децата во образовните институции. - Слободно родителите да ги пуштат децата во училиштата бидејќи нема да има никаков штрајк, рече Ристески.

Според Марјан Матракоски, советник за образование во локалната самоуправа, ова е последен состанок со директорите на училиштата пред почетокот на второто полугодие и се е подготвено за наставниот процес.

- Училиштата се добро подготвени. Обезбедени се со огрев, хигиената е на високо ниво, исто и превозот е обезбеден и ги очекуваме учениците во вторник, на 20 јануари, да го почнат  второто полугодие, рече Матракоски. 

Во општина Прилеп има 11 основни училишта и пет средношколски училишни центри со вкупно 10.600 ученици. 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега