Училиштата во Новаци подготвени за непречен старт на второто полугодие

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски по денешниот состанок со директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци, Ана К.Велјановска, изјави дека се подготвени за второто полугодие и наставата во централното и осумте подрачни училишта во вторник ќе започне.

- Зимскиот распут завршува в понеделник со неработниот ден по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, а наставата непречено ќе продолжи во вторник на 20 јануари по веќе познатиот распоред, рече Котевски.

На состанокот присуствуваа вработените и наставничкиот колегиум од централното и осумте подрачни училишта од Бач, Гермијан, Живојно, Далбеговци, Добромири, Рапеш, Рибарци и Горно Агларци.

Покрај стартот на второто полугодие, на состанокот станало збор и за реализираното во првото полугодие и тоа што треба да се исполни до крајот на учебната 2014/15 година.

- Се дискутираше и за евентуални проблеми во функционирањето и набавката на греење во централното училиште и осумте подрачни училишта, рече Котевски, посакувајќи им успешен старт на второто полугодие.

Тој се осврна на реконструкциите и санациите кои беа направени во подрачните училишта во изминатата година во Бач, Живојно, Гермијан и Горно Агларци, за изградбата на повеќенаменското игралиште, како и за изградбата на спортската сала во Новаци која треба да биде завршена до крајот на 2015 година. 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега