Нема одложување на наставата во кваредчките училишта

Кавадаречките наставници на 20 јануари ќе бидат на своите работни места во училниците каде и што припаѓаат и каде што човечката, моралната и пред се професионалната етика ги обврзува да бидат и да работат единствено во интерес на најмладите.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Ратка Кулева во име на сите наставници вклучени во синдикалната организација.

- Во речиси сите основни и средни училишта во Кавадарци и во детските градинки наставниците се против одлуката на Советот на СОНК за организирање генерален штрајк бидејќи сметаат дека нивните барања треба да се остваруваат преку дијалог помеѓу СОНК и Владата. Свесни сме дека со повикување на учениците да не одат на настава, грубо се кршат Уставот и законите, нагласи Кулева.

Во услови кога повеќе синдикални ограноци му откажуваат послушност на раководството на СОНК, рече таа, се смета дека најголем дел од наставнциите и учениците ќе ја посетуваат наставата.

Кулева нагласи дека оние ученици кои нема да присуствуваат на наставата ќе добијат неоправдани, а часовите ќе се одработуваат.

- Сите знаеме како беше во минатото кога требаше да се одработуваат денови и како тоа се одразува врз учениците и која слика се остава врз нив. Актуелното раководство го прикрива фактот дека повеќе од нас просветните, научните и културните работници се против одлуката за организирање на штрајк кој се најавува како борба за подобрување на нашите права, додаде таа.

Кулева рече дека учениците не смеат да бидат жртви на индивидуалните одлуки и погубни политики. 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега