Пошумени 50 хектари и испорачани 18.000 метри просторни огревно дрво во кочанско

Подружницата „Осогово“на Македонски шуми во Кочани минатата година успешно го реализираше планот за пошумување на голини во општина Кочани. Покрај голините, се пошумени и нови површини предвидени со акциониот план за пошумување, пренесува МИА.

 

- Во акцијата за пошумување засадивме млади садници од црн и бел бор,аризонски чемпрес на површина од 50 хектари на потегот во атарот на планинатата Осогово и тоа на места до 900 метри надморска височина и над 1300 метри надморска височина, изјави Орце Димитров раководител на Шумското стопанство Осогово од Кочани.

 

Димитров истакна дека минатата 2014 година на граѓаните и неколку правни субјекти од општината им се испорачани 18.000 метри просторни огревно дрво со што во целост се задоволени барањата.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега