Судот во Загреб издаде наредба за апсење на Бранимир Главаш

Загребскиот окружен суд издаде наредба за апсење на поранешниот генерал и пратеник Бранимир Главаш, чија пресуда за воени злосторства што ја отслужува во затвор во Босна и Херцеговина, беше поништена на 12 јануари од Уставниот суд, јави Танјуг. 

Со тоа, доколку Главаш влезе на хрватска територија по ослободувањето од затвор во Мостар, ќе биде уапсен и задржан во притвор, додека судот не го преразгледа неговиот случај. 

Портпаролот на судот Крешимир Девчиќ изјави дека наредбата за апсење е издадена, откако Уставниот суд ја поништи пресудата на Врховниот суд, со која Главаш беше осуден на осум години затвор и наложи повторно разгледување на случајот. 

Главаш се уште се наоѓа во затвор во Мостар, од каде наскоро се очекува да биде пуштен на слобода. Давчиќ изјави дека ако Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна наредба за апсење, Главаш може да биде уапсен во Босна и Херцеговина. Во таков случај, тој ќе биде заштитен од екстрадиција бидејќи има двојно хрватско и босанско државјанство. 

Адвокатот на Главаш Дражан Матиевиќ вчера изјави дека не го советува својот клиент да се враќа во Хравтска, доека хрватското правосудство не даде јасно толкување дали постојат некакви пречки за негово слободно враќање во земјата. 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега