Браќа нападнале полицајци на бензиска

Двајца браќа од Крива Паланка вчера нападнале полициски службеници на бензиска пумпа.

Инцидентот се случил откако по претходна пријава за нарушен ред и мир полицајците излегле на местото на настанот, пришто браќата Д.Ц.(23) и Д.Ц.(21) почнале да ги омаловажуваат и да им упатуваат закани.

-Потоа браќата ги нападнале на тој начин што постариот брат со рака го фатил едниот полицискиот службеник за врат и го турнал, додека помладиот го турнал другиот полициски службеник, информираат од полицијата.

По целосно документирање и расчистување на настанот против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега