„Саделе марихуана па ја продавале“ - фатени тројца криминалци од Штип

Полициската станица во  Штип  поднесе кривична пријава против Д.Ч.(46), М.Б.(38) и К.С.(35) сите од Штип поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции  и прекурсори“.

Имено по предходно добиени сознанија, а во консултација со ЈО, од страна на полициски службеници на 16.01.2015 година извршен е претрес во викендица во м.в.Суитлак при што биле пронајдени се 57 насади од растителна матарија марихуана и 2.657 семки од растителна материја канабис. Насадот од страна на пријавените бил подготвен во приземна просторија на викендицата која ја приспособиле со намера за производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана. Инаку М.Б. и К.С. се познати на службата и против истите се поднесувани кривични пријави за вакви кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега