Авион на „Ер Србија“ принудно слетал

Авион на „Ер Србија“ кој утрово полетал од Белград за Бања Лука, е вратен на белградскиот аеродром поради дефект.

Портпаролката на компанијата Маја Гедошев изјавила дека пилотот 20 минути по полетувањето проценил дека тоа е најбезбедно за патниците.

Таа ги демантираше написите во одделни медиуми дека се запалил еден мотор и категорично изјави оти ништо во авионот, ниту на него не се запалило и оти немало никаков пожар.

- Станува збор за технички дефект, а тоа што противпожарно возило стоеше пред авионот, кога слета, е стандардна процедура на аеродромите, во такви случаи, прецизира Гедошев.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега