Детали за страшната сообраќајка пред Штип вечерва: Повеќе лица повредени

Поголем број лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Велес-Штип кај местото Три чешми.

brzapomos500

 

Сообраќајната несреќа се случила при судир на автомобил и минибус, двете со струмички регистерски ознаки. Како што јавува Курир повикувајќи се на неофицијални информации во минибусот имало 23 патници, додека во автомобилот бил само возачот.

Точниот број на повредени лица, како и карактерот на нивните повреди се уште не е познат. Од МВР за Курир велат дека увидот е во тек, по што ќе бидат соопштени повеќе детали.

Патот е блокиран, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега