ВРЕМЕ: Подгответе се за дожд

Променливо облачно, повеќе сончеви периоди ќе има во источните делови. Во западните ќе има слаб локален дожд. Претпладнево по одделни котлини ќе има слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, но претежно ќе бидат со слаб интензитет. Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, каде на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаба магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. 

 

И во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен локален снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови повремено ќе имаат умерен интензитет.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега